СДСМ и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија, вака стои во днешната реакција на ВМРО ДПМНЕ, околу кадровските решенија за техничката влада.
„Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација.
Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат.
Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ.
СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер“ стои меѓу другото во реакцијата на опозицијата.












