ВМРО ДПМНЕ за рударската опрема во РЕК

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„ВМРО ДПМНЕ имаше предвидено проект со кој РЕК Битола ќе набавеше рударска опрема со која ќе можеше самостојно да врши ископ на јаглен без да зависи од недворешен економски оператор.
Стануваше збор за сериозна инвестиција која според направените анализи ќе се исплатеше во наредните 3 години.
Доколку оваа инвестиција не беше оневозможена ќе беа избегнати милионските договори и исплати во четири очи кон надворешни лица. СДСМ го прекина овој проект не водејќи сметка за долгорочните интереси на РЕК Битола.
Сега гледаме дека СДСМ ја укинал набавката за да може да се склучуваат милионски договори во 4 очи.
Рударската опрема за ископ на јаглен, ќе овозможеше претпријатието да врши ископ со своја механизација и да не одвојува милиони за копање на јаглен на приватни компании.
Зошто е поништена набавката на рударска опрема?
На кого од власта му пречеше набавката на рударска опрема која ќе беше во сопственот на РЕК Битола и ќе значеше финансиски заштеди за претпријатието?
Рударската опрема ќе овозможеше ископ на јаглен, и ефикасна и непречена работа во наредните 15 – 20 години на коповите Брод Гнеотино и Суводол.
Поради неодговорноста на СДСМ, РЕК Битола наместо да копа со своја опрема, одвојува 3 милиони евра за ископ за потребите за нецел месец. Милионски се загубите како на краток, среден, така и на долг рок од непромисленоста на власта“ рече Елена Трајчевска на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

Share.