ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ЗОШТО СДСМ ЈА ПРЕКИНА АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО“?

ВМРО ДПМНЕ преку сооштение вели дека со внимание ја проследиле акцијата за пошумување која ја правеше СДСМ низ државата.

„Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото” преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници” стана копија на „Ден на дрвото”“ стои во соопштението.

Понатаму велат како  што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:

  1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?
  2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?
  3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

 

фото: Од денешната акцијата на СДСМ