Портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Ангела Здравковска денеска на прес коференција рече дека иднината од која ветуваат дека нема да се откажат е повторно иднина на криминал и корупција.
„Свесни сме дека во претстојниот период немаат што друго да понудат освен лаги, клевети и манипулации, во нивниот досега добро познат стил со празни листови и лажни кривични за локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, фактите се овие, во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција, по добиена Наредба од ОЈО Битола, поднесе Кривична пријава против висок партиски функционер на СДС во Битола, Методија Граматковски и директор на ЈП Стрежево за кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство”.
ВМРО ДПМНЕ во минатото имаше низа прес-конференции за незаконското и криминално работење на директорот на ЈП Стрежево Граматковски, вклучително и за “Ратракот” кој Методија го купи на “старо” 5 пати повеќе од вредноста за која што беше купен од предходниот сопственик и свесно го оштети претпријатието за повеќе од 1 милион и 400 илјади денари“ рече Здравковска.












