ВМРО ДПМНЕ и денеска прашува за црните вреќи

Вчерашниот демант на актуелниот советник во Советот на Општина Битола и висок функционер на СДСМ Битола, Борче Корлевски е даден во паника и страв од вистината. Вистината која граѓаните многу добро ја знаат, вака денеска на прес конференција рече Стефан Думалоски, кандидат за советник.

„Наместо да ја замајува јавноста со приказни за зимница и туршија која наводно ја носел на битолски баир во доцните вечерни часови, треба да даде одговори, бидејќи граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. Ги повикуваме Борче Корлевски, заедно со Христо Кондовски да им одговорат на битолчани, што се разнесуваше со неговите брендираните возила пред два дена на улица Дебарска во Битола?

Ги повикуваме Борче Корлевски и Христо Кондовски да им одговорат на битолчани што имаше во црните вреќи?

Плашејќи се од граѓаните наместо да дадат конкретни одговори, се закануваат со тужби и пријави! Кога сме кај пријавите, го повикуваме Борче Корлевски да каже дали поднел анкетен лист, кој согласно законот како актуелен советник и член на УО е должен да го направи. Доколку тоа не го сторил ја повикуваме Комисијата за спречување корупција да поведе соодветна постапка“ рече Думалоски.

Сподели