ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: КОВАЧЕВСКИ И МЕЏИТИ СЕ СЕТИЈА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР ПРЕД ИЗБОРИ

ДУИ и СДСМ продолжуваат со бруталниот поткуп пред избори, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по денешната одлука за вработување на неопределно време на лица кои биле со договор на дело во јавното здравство.

„Ковачевски и Меџити на само 4 месеци пред да ја напуштат владата се сетија за медицинскиот персонал и докторите. Граѓаните беа сведоци само на скандали, немање на лекови и нaмeстените тендери во министерството за здравство. 7 години ДУИ и СДС менуваа само министри во министерството за здравство и со мал прст не мрднаа за подобрување на условите во здравствениот сектор. 7 години само лаги и ветувања за решавање на проблемот со одлив на кадарот во здравствениот сектор.

Илјадници доктори, медицински сестри, техничари и друг персонал од болниците ја напуштија државата токму заради игноратсиот однос на власта кон белиот мантил. Многу задоцнета е оваа реакција на ЌЕ министерот Меџити, како и неспособниот Ковачевски.

Докторите и медицинскиот персонал веднаш по промената на власта ќе добијат она што навистина го заслужуваат, вистинско внимание и добри услови за работа. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“ велат од ВМРО ДПМНЕ.