ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: КУНОВСКИ ИМ СЛУГУВА НА ТИЕ КОИ СЕ НЕДОСТАПНИ ЗА ПРАВДАТА

Со кој кредибилитет новиот лидер на новинарскиот ДООЕЛ на СДС во Битола, Методија Куновски, држи прес конференции кога тој во ниту еден момент не се огради од криминалците, на кои цели седум години им слугуваше, праша денеска на прес конференција, портпаролката на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Ангела Здравковска, додавајќи дека наместо одрекување, Куновски продолжува да им слугува на тие кои се недостапни за правдата.

„Ама, толку многу е тешка и безизлезна состојбата, па така тој список е долг: Заев, Димитар Ковачевски, Васко Ковачевски, Пеце Матевски и сите останати редум, така што и од тоа би немало никакво фајде, освен – напуштање на СДС или невлегување во фарсата – распадната партија, Методија Куновски да ја прави распадната новинарска секција.

Прес-конференцијата на претседателот Методија Куновски на новинарското ДООЕЛ на СДС во Битола, не е ништо друго туку памфлет од најдолен вид, со кој се обидуваат да дискредитираат и продолжуваат со празни зборови, ама неуспешно, да ги манипулираат граѓаните.

Чесно на градот и државата им се служи со искрени намери, можеби со доставување докази, до кои Методија Ковачевски, пардон, Куновски имаше пристап за криминалот во РЕК Битола, кој навистина досега е невиден и има епски размери.

Криминалот кој упропасти еден успешен рударско- енергетски комбинат, а Македонија ја направи енергетски зависна и ја клекна на колена.

Зборуваат за пратеникот Милевски и градоначалникот Коњановски, дрско се служат со конструкции и веројатно во дослух со ЈО во Битола.

Методија и СДС не излегуваат од нивната добро позната мантра, која и ги донесе таму каде што се: во распад и без никаква доверба од вас почитувани граѓани.

Почитувани, СДС и на власт и во опозиција се и суд и обвинителство, ама една работа забораваат: последната одлука ја носите вие – граѓаните.

Заедно влеговме во битка, дека право и правда мора да има!! ВМРО ДПМНЕ и оваа Влада од тоа не отстапуваат“ рече Здравковска.