ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ ИНСПЕКТОРАТИТЕ ДА БИДАТ ПОД РЕСОРНИТЕ МИНИСТЕРСТВА

Неопходна е потребата правната рамка да ја следи постојната административна и институционална структура, а исто така јасно да се определат надлежностите и одговорностите на органите на управата. На овој начин се надминуваат правните празнини односно се отстрануваат можностите за правна несигурност на граѓаните.

Предложените измени и дополнувања се и во насока на хармонизирање на Законот за инспекција на трудот со одредбите од Законот за инспекциски надзор. Во рамките на 30  седница на Собранието, како дополнителна точка на предлог на пратеникот од Битола Пеце Милевски се најде и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот.

„Потребно е одредбите од Законот за инспекцијата на трудот да се усогласат со измените на Законот за органите на државната управа. Исто така предлогот од Законот за изменување треба да се усогласи со одредбите од Законот за инспекциски надзор. Всушност инспекторите ќе бидат во состав  на ресорните министерства и Државниот инспекторат за труд ќе биде под министерството за економија и труд“ рече пратеникот Милевски.

Како што е познато дел од надлежностите од труд и социјала поминаа во министерството за еконкомија. Овој предлог закон значи поефикасни органи на државната управа и подобро регулирани права и заштита на работниците, образложи Милевски.

„Како што знаеме со измените на Законот за организација на органите на државната управа надлежностите од министерството за труд и социјала дел од нив преминаа во министерството за економија и труд и сите овие работи кои што се однесуваат на работните односи, вработувањата, заштитата на работниците, платите, животниот стандард и слично, поради тоа што се под министерството за економија и труд, предлагаме оваа точка да биде ставена и побрзо овие законски измен и да се донесат, а всушност и намалувањето на буџетските корисници е исто така поздравено од Европската комисија“ рече тој.

Донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за инспекција на трудот дополнително е важен и заради усогласување со Законот на организација на органите на државната управа, барањето на ЕУ за помалку буџетски корисници, инспекторатите стануваат дел од ресорните министерства, а сето ова доби позитивна оценка во  Извештајот на ЕК за 2024 година.

За предлогот на Милевски гласаа 58 пратеници, 6 беа против, воздржани немаше.