ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Сиљановска – Давкова

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Најпрво уште еднаш дозволете ми да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ за отворената врата за некои однадвор како мене, ама на овие гласови јас би сакала да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитични, а гласале за мене. На граѓаните кои длабоко се разочарале од власта на СДСМ и коалиционите партнери и гласале за мене. На оние кои за првпат гласале и гласале за мене. Зошто ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата значи и на оние кои гласале за господинот Блерим Река и неговите поддржувачи и ако се собере со гласовите кои што јас веќе ги спомнав разликата е повеќе од 75.000 гласови“, рече Гордана Сиљановска-Давкова на вечерашната прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва прогласи победа на сите што ја поддржале професорката Гордана Силјановска, победа на народот која, според него, претставува нова реалност во земјата.

-Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата, сите оние измамнички политики чиј предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразивме. Затоа ни е потребна победа во вториот круг. Оваа победа е голема победа пред се на нашата заедничка татковина Македонија…Што е најважно ја победивме хотел коалицијата. Доаѓа правдата за која се обединивме, окрупнивме, која беше нашата водилка и која му е насушно потребна на нашиот народ и татковина. Затоа што однародената власт на Зоран Заев донесе неправда, криминал и корупција, рече Мицкоски, нагласувајќи дека власта е  делигитимирана.

Според него,  нивниот кандидат за претседател победил во Скопје, односно во сите скопски општини, потоа во Битола, Штип, ,Прилеп, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, во Виница, Кочани,Росоман, Градско, Свети Николе, Македонска Каменица, Ново Село, а како што додаде одат на победа во втор круг за градоначалници во Ново Село каде водат и во Охрид каде е разликата тесна.

Share.