Денеска на прес конференција во ОК на ВМРО ДПМНЕ, портпаролката Ангела Здравковска со прашање до СДСМ за како што вели непотизам во партијата.
„Нема запирање и нема крај. Непотизмот останува до последниот ден главна одлика на СДС.Расипничкото однесување на СДС кулминира и кој знае уште што се се подготвени да направат пред огромниот претстоен изборен пораз. Од првиот ден до последниот ден, буквално грижа и напор број еден им е вработување на најблиските од фамилијата или пријателите.
Дали ВД директорката во основното училиште “Св. Климент Охридски” и локален партиски секретар во СДС Гордана Анастасова, си ја вработи во Библиотеката Св. Климент Охридски – Битола, ни помалку ни повеќе, својата родена ќерка, од позицијата секретар во локалната СДС.
Завршуваат точно како што почнаа, со криминал, корупција, со непотизам – вработување на браќа, сестри, сопрузи, синови, ќерки ! Сега пак уште и многу им се брза, свесни дека не им бега долга, долга опозиција. Сигурни сме дека тоа ќе им биде “наградата” од граѓаните на 8 мај“ рече Здравковска.












