Внатрешноста на Нотр Дам по пожарот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Слики од внатрешноста на катедралата Нотр Дам, по пожарот што ја зафати вчера, го покажуваат степенот на оштетувањето.

Покривот и шпицестата кула на легендарната градба се уништени во огнот, но според фотографиите, орнаментните ѕидови на катедралата и дел од нејзиниот инвентар – вклучувајќи златен крст – се нечепнати.

Париската противпожарна служба соопшти дека сите највредни уметнички дела се спасени.

Иако голем дел од дрвената маса се запали, другите делови од структурата го преживеаја огромниот пожар. Официјалните лица наведоа дека главната структура на катедралата, вклучувајќи ги и нејзините две легендарни кули, се зачувани.

mkd.mk

Share.