ТЕРА

REKLAMA???

ВНИМАНИЕ: ИНТЕРНЕТОТ НЕ Е БЕЗБЕДЕН ЗА МЛАДИТЕ, ОСОБЕНО ЗА ДЕЦАТА

По повод 6 февруари, меѓународниот ден за побезбеден интернет, екипата на „Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги праша граѓаните како да ги заштитиме децата и младите од опасностите на интернет.

Повеќето од граѓаните се свесни дека интернетот не е безбеден за младите, а особено за децата, кои можат да бидат изложени на различни штетни содржини. Граѓаните даваат најразлични примери за штетни содржини, на кои секојдневно наидуваат на интернет, особено на социјалните мрежи.

„Интернетот не е најбезбедно место,затоа што има многу неконтролиран пристап, особено за малите деца“, вели за „Внимание“ една девојка. Друг млад човек смета дека исто така не е безбедно со оглед на тоа што се става се и сешто, трет посочи дека „Јутјуб“ има одреден дел за деца кој може да се смета за безбеден, но да се има поголема супервизија, како и дека има недоволно цензура.

На прашањето – како да се заштитиме од небезбедни содржини на интернет (насилство, порнографија, финансиски измами), клучниот одговор е дека треба да научиме како да ги препознаваме и како да ги избегнуваме.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.