Внимателно на Ѓавато

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. Попладнево ваква е состојбата на Ѓавато.


АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од УХМР:Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со
врнежи од снег. Во текот на ноќта во западните делови се очекува снежната граница да се спушти дооколу 500 м.н.в.. Пообилни врнежите ќе бидат на западот и на југот од земјава, каде до утре претпладне на места ќе наврнат и над 20л/м2. Снежната покривка на планините во овие подрачја значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а во западните делови на места засилен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно и студено време а во претпладневните часови
се уште ќе има врнежи особено во јужните делови Во понеделник ќе има преодно
стабилизирање а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

Share.