ТЕРА

REKLAMA???

ВОДАТА ОД ПЛАНИНСКИТЕ ЧЕШМИ И ЧЕШМИТЕ ОД ПОТПЕЛИСТЕРСКИТЕ СЕЛА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ

Водата од планинските чешми и од чешмите од потпелистерските села не е безбедна за пиење. Ова го покажуваат анализите од Центарот за јавно здравје од Битола кој го испитува квалитетот и безбедноста на водата за пиење според програмска активност, а согласно националната годишна програма за јавно здравје што е финансирана од Министерството за здравство. Годинава од Центарот за јавно здравје зеле примероци на вода од 15 чешми и сите покажале дека водата од овие планински чешми е бактериолоши не исправна за пиење, вели др.Емилија Богоевска специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје од Битола.

„Во текот на 2023 година испитан квалитетот на водата за пиење на дел од чешмите кои што се во склоп на НП Пелистер. Тоа се чешми кои што се теренски достапни и на чешмите коишто се наоѓаат во подпелистерсњките села Трново и Магарево. Во текот на оваа година испитани се 15 примероци на вода за пиење од овие планински чешми, извршена е микробиолошка и физичко хемиска анализа и врз основа на добиените резултати од микробиолошката анализа утврдено е дека сите примероци на вода за пиење или 100% од примероците се бактериолошки не исправни. Кај сите примероци изолирана е бактерија шерикија коли, присутни се колимфорни бактерии кои се индикатори на фекално загадување и претставуваат еден голем епидемиолошки ризик по здравјето на самите конзументи, особено ако оваа вода ја конзумираат малите деца, лица кои што имаат намален имунитет или други лица кои што имаат останати хронични заболувања. Значи исправноста, квалитетот на водата за пиење од планинските чешми не ги задоволува критериумите на правилникот за квалитет и безбедност на вода за пиење, значи таа не е безбедна“.

Таа со препорака до сите оние кои што во овај период па и во текот на целата година ги посетуваат овие планински места, а не само овие планински туку и сите туристички, излетнички места каде што како што вели имаме еден не постојан квалитет на вода за пиење.

„Задоложително со себе да носат и да пијат флаширана вода. Таа не мора да биде купена флаширана вода, таа може да ја наполнат од своите домови доколку се приклучени на градскиот водовод во соодветна амбалажа да ја носат кога престојуваат во овие туристички излетнички места, значи водатата не е безбедна за пиење“, вели др. Богоевска

Центарот за јавно здравје ја испитува и прави контрола на безбедноста на водата и од локалните селски водоводи.

„Сеуште во регионот на Битола постојат села кои што не се приклучени на градскипот водовод и како вода за пиење ја користат водата од локалните селски8 водоводи. Во текот на оваа 2023 година од вкупниот број на испитани примероци на вода за пиење од локалните селски водоводи 83% покажаа бактериолошка неисправност.Значи доста е висок процентот на бактериолошки неисправни примероци на вода за пиење исто така и оваа вода за пиење не одговара на критериумите согласно правилникот на квалитет и безбедност на вода за пиење. Таа претставува ризик по здравјето на самите жители во тие села. Можам да кажам дека тие сепак имаат некој веќе стекнат имунитет према овие бактерии кои што се присутни во водата за пиење. При разговор со жителите од тие села некои од нив ја користат, некои ја превриваат а потоа ја користат а некои пак користат и флаширана вода. Нашиот апел е да не се конзумира таа вода. Квалитетот на водата за пиење не може да се одреди со голо око. Бектериолошките не исправни води за пиење се питки се бистри, имаат својствен мирис и вкус. Органолептички не можеме да кажеме дека водата е неисправна. Таа мора лабораториски да се испита, а потоа да се докаже нејзината исправност или не исправност“, вели др.Богоевска.

Врз основа на годишната програма ЦЈЗ изработува месечни и квартални планови за обем на анализи. Квалитетот на водата го следат најчесато во втор и трет квартал кога и посетеноста на излетничките, туристичките и планинските места е најголема.