Водич низ “Античкото богатство на Прилеп”

„Античкото богатство на прилепскиот регион“ е најновото дело на археологот Душко Темелкоски, кустос-советник во прилепскиот музеј. Станува збор за водич-брошура преку која читателите ќе можат да се запознаат со древното културно наследство од античките периоди: раната антика, времето на владеењето на македонските кралеви и римскиот период.

Преку лесно читлив текст, во водичот се содржани и мошне впечатливи фотографии од археолошки наоѓалишта од Прилепскиот Регион (античкиот урбан центар Стибера, монументалната гробница на пелагонискиот крал помеѓу селата Подмол и Бонче), како и од репрезентативни предмети пронајдени при археолошките истражувања (мермерни скулптури, накит, оружје, монети).

Идејата за водичот е на Кирил Котески, кој преку својата работа, осознал дека е потребен ваков промотивен материјал за Прилепско. Водичот е двојазичен, со превод на англиски од професорката Стевка Небрежанец. Најавено е и издавање на други водичи во кои ќе се презентира богатото културно наследство на Прилеп и неговата околина.

Сподели