Водовод бара извинување од командирот Поповски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска првиот човек на ЈП „Водовод“ побара јавно извинување од командирот Поповски , во спротивно ќе преземат правни мерки за клевета.

-Во врска со вчерашниот пожар кој што зафати дуќани во Старата битолска ччаршија каде што екипите на ТППЕ од Битола се бореа со огнената стихија повеќе од три часа. командирот Костадин Поповски даде изјава дека хидранската мрежа во тој дел каде што бил пожарот не е во функција. ЈКП  Водовод Битола како општествено одговорно претпријатие кое работи во интерес на граѓаните излезе на терен веднаш по дадената изјава и констатира спротивно од тоа што го кажува командирот. Веднаш беше повикана полиција тоа да го констатира на службен записник , а беа повикани и новинарите да се уверат на лице место дека хидрантската мрежа е во функција.Но најчуден дел во врска со ова е зошто додека траел пожарот  не  е повикано ЈКП Воодвод и не е побарана помош во врска наводното не функционирање на хидрантската мрежа.Во близина на опожарените дуќани има уште два хидранти кои се во функција.

ЈКП Водовод  на 26 06 годинава  со број 08 -544 испрати скици  со сите позиции на хидранти на територијата на Општина Битола до Противпожарната  единица  -Битола дека хидрантската мрежа е ажурирана и е во функција, рече Козаров напоменувајќи дека општината  има 700  хидранти по сите европски стандарди  на растојание од 150 до 200 метри, рече Горан Козаров, директор на ЈП Водовод .

Share.