„Водовод“ ги санираше синоќешните дефекти на водоводната мрежа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Санирани се дефектите на водоводната мрежа, од кои некои делови од градот останаа без вода, а некои со слаб притисок.

Како што синоќа објавивме дефектите беа кај населбата „Кланица“, на улицата „Партизанска“ , и населбите „Буковски ливади“ и „Долно Оризари„

Од претпријатието објаснуваат дека во периодот во кој имавме екстремно ниски температури што пак доведе и до мрзнење на многу цевки, со подигнувањето на температурата и одмрзнување на цевките, доаѓа до зголемен приситок што предизвикува пукање на цевките со поголеми профили заради зголемениот притисок.

Од таму упатија голема пофалба за екипите на ЈКП “Водовод”, кои работеа неуморно во лоши услови до 5 часот наутро.

 

Share.