Од битолски „Водовод“ информираат дека поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, поголем дел од ниската зона на град Битола е без вода.
„Дефектот е саниран и во тек е монтажа на пумпата. Очекуваме водоснабдувањето да се стабилизира во вечерните часови“ велат од „Водовод“ Битола.











