Водовод работи за Мусинци да добие вода

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Пред 10 тина дена добивме повици од жителите од Мусинци дека водоснабдувањето им е прекинато. Излеговме на терен и цели три дена баравме зошто жителите немаат вода, вакво нешто досега од самото испорачување на вода во Мусинци од 2013 година се нема случено. Дефект од наша страна не е пронајден. Се утврди дека броилото на кое се приклучени пумпите на објектот на пумпната станица не доаѓа струја. Се заинтересиравме, ги отворивме нашите сметки према ЕВН, бидејќи бевме обвинети дека не ја плаќаме струјата према ЕВН и откривме дека броилото не се води на име на Водовод-Битола. Зошто е тоа така и како е стигнато тоа да биде така, не навлегуваме, бидејќи фамозно е и фалат многу документи околу тоа кои се обврските на Водовод према Мусинци. Имаме до нас еден допис од граѓани и од општина Могила дека сакаат да им испорачуваме вода. Во тој период било така договорено броилото да стои на Мусинци, бидејќи тие претходно имале бунари од кои што земале вода. Обврската која што е наша за испорака на водата до таа пумпна станица ја обавуваме беспрекорно, водата е хлорирана и технички исправна, таа е истата вода од градскиот водовод, но проблем имаме со струјата. Таа обврска со струјата ние неможеме да ја решиме бидејќи таа е на месното население. Денес имавме и состанок во Општина Могила заедно со жителите од Мусинци. На тој состанок се разговараше се разгледуваа начините и што може да се направи. Дадовме предлог од наша страна дека ќе поднесеме барање до ЕВН од денес натаму да си поставиме броило на наше име да можат да работат пумпите и жителите на тоа место да добиваат вода. Барањето е официјално поднесено, се чека одговорот од ЕВН, рече Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Share.