ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗАЧИТЕ ОД БРЗА ПОМОШ БАРААТ КОРЕКЦИЈА НА ПЛАТИТЕ

Возачите од службите за Итна медицинска помош од државата се собраа во Битола на средба со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски. Тие на средбата побараа од него да се заложи за корекција на нивните плати, односно нивно зголемување.

-Оваа средба денес е незадоволството на возачите од ниската плата, односно нашата плата не е покачена за разлика од платата на сестрите и докторите. Самоиницијативно се собравме на средба со претседателот на Синдикатот Каранфиловски ако може нешто да се превземи за да се корегираат платите. Ние со четврта група на сложеност не сме стигнале до минималецот. Земаме плата под минималната за 2000 денари, рекоа тие.

Претседателот на Синдикатот Каранфиловски рече дека в петок на Седницата на советот на самостојниот синдикат ќе ги презентира нивните барања. Откако ќе се утврдат ќе ги проследат до министерот за здравство.