Нови воздушни напади денеска беа насочени кон главниот град Киев и јужниот регион Днепропетровск, соопштија украинските власти, додека руските и украинските сили водеа битки околу два града во источниот украински регион Донбас.

Нападите дојдоа по една недела откако руски проектили убија најмалку 19 луѓе низ Украина во најтешкото бомбардирање во последните неколку месеци.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, на апликацијата за пораки Телеграм напиша дека Киев бил погоден од беспилотни летала познати како дронови-камикази. „Русите мислат дека тоа ќе им помогне“, наведува Јермак.












