ТЕРА

REKLAMA???

Воздушни напади врз пристанишниот град Одеса

Украинскиот град Одеса на Црното Море рано утринава беше мета на воздушни напади, соопшти претставникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко на Телеграм, пишува Радио Слобдна Европа.

„Во некои области беа пријавени пожари. Некои од ракетите беа соборени од противвоздушната одбрана“, напиша тој.

Одеса, со околу 1 милион жители, е најголемото пристаниште на Црното Море сè уште под украинска контрола.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нападнале рафинерија и складишта за нафта во близина на градот. Министерството соопшти дека руските сили нападнале 28 украински воени објекти ширум Украина.