Возобновен семинарот за боречки спортови на Пелистер

Во саботата во организација на Аикидо федерацијата на Македонија се одржа државен семинар за боречки вештини насловен „Пелистер 2021“. Ова е еден вид возобновување на традиционалниот семинар кој долги години се одржување на Пелистер кај Битола, а иницијатор беше џудо клубот Пелистер од Битола.

Организацијата во име на федерацијата ја презеде мајсторот за боречки спортови, Ѓуро Илиќ, кој за организацијата на семина рече:

„Целта е возобновување на традиционалниот меѓународен семинар на Пелистер, па по подолгко време се враќаме на Пелистер. Оваа година поради состојбите кои се најмногу поради корона вирусот, семинарот е само со тренерите, мајсторите и кандидат-мајсторите. Целта на семинарот е подигање на повисоко ниво квалитетот на техниките и договарање на активностите, согласно календарот на федерацијата и Светскиот центар за резлено аикидо“, ни рече претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ.

Семинарот започна во будо центарот, а потоа практичниот се одржа на отворено во дворот на Инфо центарот на на националниот парк „Пелистер“.

Сподели