Возрасен маж почина на плажа во Преспа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

72 годишно лице од Неготино, денеска починало на брегот на Преспанското езеро во Крани, рече за Тера телевизија портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.

Лекар ја констатирал смртта, обвинител и екипа на полицијата направиле убид, обдукција не е наредена, а се претпоставува дека починал од природна смрт, а не од давење како што објавија некои медиуми.

Share.