Воз падна врз автомобили откако се урна надвозник во Мексико Сити

Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се урна надвозник на метрото во Мексико Сити. Локалната телевизија покажа снимка на која се гледа како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата, пренесува Ројтерс.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека во несреќата загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.

 

Според првичните сознанија, мостот попуштил под тежината на возот. Под делот од мостот кој се урна, во моментот на несреќата минувале автомобили.

Според медиумски извештаи, жителите во околината уште пред повеќе години се жалеле на штети на столбовите на мостот на линијата 12 од метрото. Имало и обвинувања за корупција при изградбата на таа линија. Во 2014 година, кратко по пуштањето во употреба на линијата 12, сообраќајот бил запрен со месеци поради поправки кои морало да бидат направени.

Сподели