Во Њујорк вчера беше прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето.

Поради надојдената вода затворено беше метрото и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија, а поголем број од патиштата се под вода.

„Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа“ изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс.












