Вонредна состојба во Њу Орлеанс, во опасност Тексас и Мисиспи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тропска бура со поројни дождови предизвика поплави на голем број улици, при што е парализиран сообраќајот во Њу Орлеанс, а метереолозите најавуваат нови врнежи.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел изјави дека за три часа во градот паднале 21,3 сантиметри дожд и прогласи вонредна состојба.

Локалните власти ги предупредија граѓаните да останат во своите домови, да проверат дали имаат намирници за следните три дена и дали се чисти канализациските системи.

Предупредено е и дека водостојот на реката Мисисипи би можел да се зголеми до 6,1 метар.

Поплави го зафатија и јужниот дел на Луизијана, каде долж реките се поставуваат кеси со песок.

Во опасност е и Тексас, каде се мобилизирани неколку служби поради поројниот дожд што се очекува.

Share.