Американското Министерство за здравство и социјални услуги прогласи вонредна состојба за јавното здравје во сојузната држава Калифорнија за да одговори на здравствените проблеми предизвикани од тековните пожари во округот Лос Анџелес.
Бројот на загинати во пожарите што изминатите денови ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 11.
Во пожарите изгореа повеќе од 10.000 објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.
Наредена е евакуација за околу 179.000 луѓе.
Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека досега се уапсени 18 лица во врска со криминални активности поврзани со пожарите во Итон и Палисадес.
Полицискиот час воведен во областите погодени од пожарите Палисадес и Итон е на сила.
Гуверенерот на Калифорнија, Гевин Њусом побара сеопфатна независна истрага за службите кои дистрибуираат вода. Според Њусом, вознемирувачка е помислата дека хидрантите кои снабдуваат вода имале многу слаб притисок на почетокот од катастрофата, што воопшто не беше од помош додека пожарите се ширеа.












