Вооружен напад во училиште во Флорида

0
366

Најмалку едно лице загинало, а повеќе од 20 се ранети во вооружен напад кој се случил во средно училиште во сојузната американска држава Флорида. Според последните информации од локалните медиуми, кои се повикуваат на полициски извори, напаѓачот е уапсен.

Си-Ен-Ен објави дека најмалку 20 лица се повредени, додека локалните медиуми, цитирајќи извори од противпожарната служба тврдат дека бројката може да се искачи и до 50 лица. Нападот се случил во моментите кога завршила наставата во училиштето кое брои околу две илјади ученици.