Во авионската несреќа во Алжир загинаа 257 лица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Алжирското министерство за одбрана соопшти дека 257 лица загинале од кои повеќето војници и членови на нивните семејства при уривањето на воен авион во земјата.

Несреќата се случила при полетувањето на авионот во близина на аеродромот Боуфарик, а меѓу жртвите се и 10 членови на екипажот, како и 26 припадници на Фронтот Полисарио кој се бори за независност на Западна Сахара од Мароко. Се уште не се знае причината за несреќата.

Несреќата се случила во околу 3 часот утринава по локално време. На местото на несреќата избил пожар. Според локалните медиуми, урнатиот авион е произведен од руската авионска компанија Иљушин.

Share.