Во Албанија уапсени 12 функционери поради корупција

0
178

Еден градоначалник и уште 11 функционери се уапсени во Албанија поради илегална продажба на државно земјиште во близина на морето, соопшти Обвинителството.

Осомничените подготвувале лажна документација за 300.000 квадратни метри државно земјиште и планирале да го продадат на фиктивни купувачи по симболична цена, тврди Обвинителството.

Плацевите покрај море имаат голема цена поради можноста за изградба на туристички комплекси и хотели.