Во американски воздушни напади загинати и руски војници

0
251
Defense Secretary Jim Mattis speaks during the daily news briefing at the White House, in Washington, Wednesday, Feb. 7, 2018. (AP Photo/Carolyn Kaster)

Најмалку двајца руски борци се убиени во минатонеделните американски воздушни напади во североисточниот дел од Сирија, а Би-би-си наведе дека, најверојатно, се работи за платеници што биле најмени од приватна воена фирма која соработува со сириската провладина војска.

Русија засега не ја потврди смртта на војниците за што најпрвин пишуваа американски војници, туку истакна дека такви вести не треба да се третираат како примарни извори.

САД соопштија дека во минатонеделните напади биле убиени над 100 борци, а американскиот министер за одбрана, Џим Матис, истакна дека наспроти медиумиските написи, нема потврда дека меѓу убиените се и руски платеници.

„Не можам да го потврдам тоа, не сме слушнале ниту збор за тоа од централната команда или од Пентагон“, рече Матис.