Во текот на ноќта врнежи од снег на Балканот. Како што јавуваат медиумите снег врнело во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и во делови од Србија.
Снег во Белград паѓал цела ноќ, а во текот на денот, според најавите на метеоролозите, можни се нови врнежи. Утро студено и облачно, над поголемиот дел од Србија со повремен снег.
Вчера на утро снегот стигна и во Хрватска, а температурите во одредени делови од земјата се спуштија под нулата. Исто така со снег се соочија и жителите на Словенија.