Во Бабино одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

0
917

Во с.Бабино беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право. Свечениот настан се одржа во дворот на библиотеката „Ал-Би”, на иницијатива на сопственикот Стево Степановски.

„Селото Бабино е со најмногу учители и учени луѓе. Село со најмногу книги зачувани во најубавиот македонски, европски и светски храм на книгата, библиотеката, „Ал-Би”. 
Демир Хисар е македонски непресушен духовен изворник на писатели, поети, режисери, сликари, документаристи, раскажувачи, романсиери, критичари, фолклористи, есеисти, преведувачи, научни работници, хуманисти, библиографи, публицисти.. или цел еден изворник кој може да се каже со зборовите – воини на духот и перото” – истакна на своето обраќање пред присутните градоначалникот Стојановски.

– Со неодминливиот факт дека во едно село со тројца жители се одбележува Светскиот ден на книгата, ние денес влегуваме во колективната меморија на УНЕСКО, рече Степановски.

По овој повод на културниот настан беше прочитано пригодно обраќање од Министерот за култура, Алаѓозовски, а претставници од Управата за заштита на културното наследство во Република Македонија во библиотеката донираа книги.

Дневната програма беше збогатено со Интерпретација на стихови од култната збирка „Дениција” од Петре М. Андреевски, читање на литературни творби, презентирани романи на издавачи од Литературни клубови од Демир Хисар и Битола, како и музички настани и Квиз натпревари помеѓу ученици од основните училишта на Општина Демир Хисар.