Во Белград митинг во организација на власта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Белград денеска ќе биде одржан собир во рамките на кампањата „Иднина на Србија“ на кој освен претседателот Александар Вучиќ ќе говорат и премиерката Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, претседателот на претседателството на БиХ Милорад Додик и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Претседателот Вучиќ изјави дека на митингот во Белград ќе има карневалска атмосфера и оти на собирот ќе дојдат граѓани не заради него, туку заради иднината на Србија.

Ваквиот собир доаѓа по минатонеделните случувања кога на протестот „Сите за еден – еден од 5 милиони” пред Собранието на Србија се собраа илјадници луѓе кои се спротивставија на владата на Вучиќ и побараа слободата на медиумите, како и создавање услови за фер избори и професионално известување во јавните ТВ-програми – Српска радио и телевизија и Радио-телевизија Војводина

Share.