Во Битола вербално и физички нападнат полицаец

0
2152

Вчера во 13.25 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Битола додека полициски службеник вршел работи од областа на безбедноста на сообраќајот забележал лице кое сакало да фрли запалена хартија во контејнер. Истиот усно го предупредил по што лицето започнал вербално да го навредува и физички го нападнал. По преземени мерки од слобода е лишено 47 годишно лице од село Долно Агларци, битолско и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти битолската полиција.