Денеска во Битола максималната температура достигна до 37 степени. Вечерва во 20:00 часот според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 30.8 степени.
Вечерва во истото време најтопол град во Македонија бил Кавадарци со измерени 34.8 степени.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
Утринската во Битола околу 19, а дневната до 38 степени.












