Во Битола денеска гласаа затворениците и болни и изнемоштени лица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

21 лице денеска гласаше во затворот во Битола и 48 болни и изнемоштени лица.

Претседателот на ОИК во Битола Ѓуро Илиќ вели дека без проблеми помина гласањето, а за утрешното се е подготвено и навреме се доставени сите материјали за избирачките места.

Во Битола за овие избори електоратот е 81.738 гласачи.

Гласањето почнува во 7 и ќе трае до 19 часот.

Share.