Утрово -2 Лазарополе, -1 Берово, 0 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Дебар, 1 Охрид, Претор, Битола, Велес, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово, Штип, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, Крушево, 4 Прилеп, 6 Виница, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност, поголема во источните делови. Во Демир Капија има појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од западен и југозападен правец.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Битола до 18 степени.












