Утрово -1 степен во Берово, 0 Попова Шапка, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 Охрид, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 Виница, Гевгелија, 6 Демир Капија.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Изутринава е сончево со мала, а во југозападните делови умерена локална облачност. Наместа дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Битола до 19 степени.












