Утрово најстудено со -3 степени беше во Берово, -2 Струмица, Прилеп, -1 Битола, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец, Претор, Штип, Лазарополе, Попова Шапка, 2 Тетово, Гевгелија, Куманово, Охрид, 3 Маврови Анови, Крушево, Дебар, 4 Демир Капија, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, по одделни котлини со појава на магла. Утрово е променливо облачно, по котлините со магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 500 метри (во Скопје, Тетово, Пелагонија, Штип).
Времето денеска претпладнево по котлините и долж Повардарието со магла и ниска облачност, во останатите подрачја умерено облачно. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, по котлините маглата ќе се намали, но сепак во некои од нив ќе се задржи магливо и постудено. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Битола до 9 степени.












