Утрово 3 степени во Тетово, Крушево, Маврови Анови, 4 Крива Паланка, Берово, Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, 6 Битола, Прилеп, Виница, Струмица, Дојран, 7 Штип, Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија.
Најмногу дожд 47 л/м2 наврнаа во Пожаране, 28 Крушево Битола, 26 Тетово, 23 Дебар, 19 Охрид, Дојран, 18 Крива Паланка, 15 Гевгелија, 14 Скопје-Петровец, 11 Виница, 9 Прилеп, 7 Берово, 5 Претор, Штип, 4 Битола, Струмица, 2 Демир Капија, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, на места пообилни. Само во првиот дел од ноќта на повисоките планини врнежите беа од снег. Утринава е претежно облачно со слаби локални врнежи. Дува слаб јужен ветер.
Денеска претпладне претежно во западните делови со слаб локален дожд, а во текот на денот променливо облачно, во дел од котлините со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Во Битола до 15 степени.












