ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ОД 4 ДО 10 СТЕПЕНИ

Минимални измерени температури: -2 степени во Попова Шапка, -1 Лазарополе,  0 Маврови Анови, 1 Крушево,  3 Тетово, Дебар,  4 Берово,  Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница,  6 Кавадарци,  Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица и 8 степени во  Демир Капија и Гевгелија.  

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

21 Маврови Анови, 14 Пожаране, 13 Попова Шапка, Битола, 11 Крушево, Тетово, Лазарополе, 10 Претор, 8 Куманово, 6 Штип, Гевгелија, 4 Велес, 3 Скопје – Зајчев Рид, 2 Дебар, Крива Паланка, Охрид, 1 Прилеп, Демир Капија, Виница. 

 Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm) 

53 Маврови Анови, 49 Попова Шапка, 16 Крушево, 4 Лазарополе. 

Во ткеот на ноќта времето беше облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб и само понекаде со умерен интензитет. Утринава зголемена облачност и повремен дожд има на југот на земјата. Врнежи од дожд има во Крива Паланка и Претор, а во Крушево има магла и ниска облачност.

Времето денска променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Битола облачно време со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.