ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ИМАЛО ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА И ЗА „ТИТАНИК“

 Во центарот на градот, на главната улица во Битола, денес позната под името ,,Широк Сокак” на почетокот на 20-от век била лоцирана туристичката агенција ,,Бела Ѕвезда”.

Бела Ѕвезда попозната како White Star Line, беше истакната британска бродарска компанија, најпозната за нејзиниот несреќен луксузен, водечки брод, „Титаник“,  на неговиот брат, бродот „Британик“, за време на Првата светска војна. Во 1934 година, линијата се спои со нејзиниот главен конкурент, „Cunard Line“, а функционираше како засебна до 2005 година.

Единственото претставништво на нашите простори на оваа агенција беше лоцирано како што кажавме, токму на главната улица во Битола, на чело со Хаџи Коста и Киријаки. Агенцијата организираше тури на релација Европа – Америка, а рекламните постери ги цртаа лично Браќата Манаки, односно Јанаки Манаки.

На неговите рекламни постери за ,,Бела Ѕвезда” јасно се гледаат доказите кои говорат за туристите кои во тоа време имале можност да патуваат на релација Европа – Америка.

Во периодот познат како “Златниот век на имиграцијата”, многу илјади луѓе се преселиле од Европа и Блискиот Исток во Соединетите Американски Држави или Канада.

„White Star Line“ беше една од првите бродски линии кои имале патнички бродови и воедно нуделе поевтино сместување за патниците од третата класа, наспроти оние од првата и втората класа.

„White Star Line“ изврши голем дел рекламирање за имигранти кои патуваа во Америка и Канада. Најмногу патници доаѓале од Велика Британија, Ирска, Скандинавија и Австро-Угарска (денес самостојните земји Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Словачка, некои делови на Чешка, Полска и неколку други нации во Источна Европа). Патници исто така доаѓале од Централна и Јужна Европа, а подоцна и од подалеку.

Туристичката агенција позната под името ,,Бела Ѕвезда” важи за еден од историските објекти кои и ако за многумина непознати, ја красат историјата на Битола и му даваат богато значење на градот на културата.