Во Битола одбележан Меѓународниот ден на џезот

0
416

МКЦ – Битола синоќа по шести пат се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април со концертот на Беличанска Kвинтет во кафе барот Камарите во Битола.

Овој концерт по шести пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира.

Беличанска Квинтет е состав од искусни и докажани музичари од нашата џез сцена кој веќе 10-тина години е активен. Зад себе имаат многу настапи, концерти и фестивали во земјата и странство. Негува повеќе стилови почнувајќи од џез стандарди кои се изведени во нивни аранжмани, латин џез, фанк, соул, како и своја авторска музика.

Јасмина Беличанска – вокал
Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон
Горан Димитровски – бас гитара
Ристо Крстевски – клавијатури
Зоран (Озо) Ристевски – тапани

На одбележувањето на меѓународниот ден на џезот присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.