Во Битола претежно сончево со температура до 14 степени

0
458

Претпладне во западните делови со повремени слаби врнежи, а преку денот значително потопло со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во крајните западни делови локално ќе наврнат нови 20л/м2. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на повисоките места и во јужните делови. Т-макс. од од 7 до 16 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Претпладне ќе има слаби локални врнежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен на планините. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно на запад.