Подрачното министерство за земјоделие денеска ги информира земјоделци од општините Битола, Новаци и Могила, дека во подрачната единица во Битола пристигна 3751 картичка од мерката за зелена нафта во вредност од 24.176.375 денари или 391.205 евра.
Од таму ги повикуваме сите земјоделци од утре 20 септември 2023 година да си ги подигнат своите картички во просториите на ПЕ Битола, секој работен ден.