Во Битола се вакцинира со „Фајзер“

Денеска и утре на вакциналниот пункт во Битола се вакцинира со вакцината на Фајзер. За денеска и утре предвидени се по 500 вакцини, а се вакцинираат лица со прва доза кои се пријавени преку ситемот на министерството за здравство, односно Мој термин.

1000 вакцини од Фајзер пристигнале во Битола за овие два дена, а како ќе биде од среда натаму се чекаат инструкции од министерството за здравство.

Паралелно тече и ревакцинацијата на оние кои ја примаат втората доза, но дневните бројки се мали, бидејќи во изминатите недели најмногу лица беа за ревакцинација.

Сподели