ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА УТРИНСКАТА 8, А ДНЕВНАТА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со 1 степен беше на Попова Шапка, 3 Берово, Маврови Анови, 5 Крушево, Крива Паланка, 6 Скопје-Петровец, 8 Штип, Битола, Охрид, Претор, Демир Капија, 9 Тетово, Струмица, Куманово, 10 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 13 Дојран, 14 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска променливо облачно, од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умeрен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Битола до 18 степени.