Утрово најстудено со -19 степени беше во Берово, -18 Битола, -13 Тетово, -12 Прилеп, Демир Капија, Дебар, -11 Скопје-Петровец, Маврови Анови, -9 Крива Паланка, Штип, Кавадарци, -8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница, Попова Шапка, -7 Охрид, Куманово, -4 Гевгелија, -2 Дојран.
Највисока снежна покривка од 22 см има во Маврови Анови, 18 Битола, Попова Шапка, 16 Дебар, 15 Тетово, 14 Ѓуриште, 13 Берово, 12 Крушево, 11 Лазарополе, 9 Претор, 8 Охрид, 7 Демир Капија, 3 Струмица, Прилеп, 2 Штип, 1 Крива Паланка.
Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 м, а појава на слаба магла има во Битола.
Сончево со мала до умерена локална облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени. Во Битола до -4 степени.












